АнглијаФУДБАЛ

Фановите се обидоа да го запрат автобусот на Ливерпул да пристигне на натпреварот!!!

Фановите на ЛИВЕРПУЛ веќе рекоа што мислат за улогата на клубот во основањето на Суперлигата преку собири, транспаренти и погрдни пораки во текот на денот, а пред вечерашниот натпревар беа видени непријатни сцени за играчите и раководството на тимот. Екипата на Јирген Клоп гостува кај Лидс во рамките на 32. коло од англискиот шампионат, а навивачите на двата клуба се обидоа да спречат почеток на натпреварот.

Според информациите од англиските медиуми, тие се обиделе да го запрат доаѓањето на фудбалерите на Ливерпул на патот Еланд со обид да спречат автобусот што ги превезувал да влезе на стадионот.

Фановите на Лидс и Ливерпул заедно пред натпреварот изразија незадоволство од воспоставувањето на ново натпреварување на најбогатите клубови.
Приврзаниците на Ливерпул објавија претходно во текот на денот дека ќе ги отстранат транспарентите за поддршка од трибините каде се собираат најжестоките навивачи на клубот. На собир пред стадионот „Енфилд“ тие започнаа протест против одлуката за воспоставување ново натпреварување, а меѓу транспарентите што ги закачија беше и оној кој го закопа клубот со бели букви на црна позадина со порака: „Срамота за вас ”

Standings provided by SofaScore LiveScore

Сподели: