Лига на ШампиониФУДБАЛ

Уефа ги протера бунтовниците од Лигата на шампионите? ПСЖ останува, еве како да се игра финалето

Финалистите од ЛШ минатата година, Баерн и ПСЖ нема да учествуваат во европската Супер лига. Тоа може да им донесе на Французите титула европски шампион, со тоа што Уефа ги нокаутира преостанатите полуфиналисти.

Реал Мадрид, Челси и Манчестер Сити одат во Суперлигата, а во петок Уефа може да му ја додели титулата на ПСЖ.

Ова е мислењето на Јеспер Молер, член на Извршниот одбор на Уефа и претседател на Данскиот фудбалски сојуз.

“Клубовите треба да бидат исфрлени. Очекувам тоа да се случи во петок. Тогаш ќе мора да најдеме начин да ја завршиме оваа сезона во Лигата на шампионите”, изјави Молер за данските медиуми.

Исто така постои можност клубовите кои беа елиминирани во четвртфиналето да бидат вратени во полуфиналето. Баерн, Порто и Борусија Дортмунд би се бореле за титулата со ПСG. Овие три клуба нема да учествуваат во Супер лигата.
Молер додаде дека Уефа ќе им понуди на играчите да ги раскинат договорите со клубовите доколку не сакаат да играат во Европската Супер лига. Тогаш би настанал тотален хаос во светот на фудбалот.

Да потсетиме, Реал, Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем објавија дека постигнале договор за создавање на ново натпреварување.

Сподели: