Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена Тодор Проески го одржа последниот тренинг пред дуелот со Германија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство.
четирикратниот светски и трикратниот европски првак Германија пристигна во Скопје.
Селекцијата на Ханси Флик се смести во хотелот „Хилтон“ во населбата Аеродром, каде досега беа сместени македонските репрезентативци. Но, Германците го резервирале хотелот за ова гостување уште пред почетокот на Европското првенство.
Нојер, Милер, Кимих, Сане, Ројс, Гнабри, Горецка, Вернер…се само дел од ѕвездите со кои располага селекторот Ханси Флик, кој најавува дека „маншафт“ ќе атакува на триумф на утрешниот меч против Македонија на арената „Тодор Проески“.
Бројот на љубители на фудбалот кои ќе присуствуваат на Националната арена „Тодор Проески“ за мечот Македонија – Германија е ограничен на 50 % од вкупниот капацитет согласно мерките утврдени за заштита од вирусот Ковид-19 и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.