СЕРХИО АГУЕРО ќе го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната. Веста беше официјално објавена од водечкиот тим на англискиот шампионат.
“Збогум од нашиот легендарен напаѓач Серхио Агуеро ќе биде убав и емотивен. Агуеро е еден од најголемите и најценетите фудбалери кои го носеа нашиот дрес”, објави клубот од Манчестер.
Договорот на Агуеро со Сити истекува на крајот на сезоната и нема да биде продолжен.
“Тој пристигна во клубот летото 2011 година и веднаш постигна два гола и асистираше на своето 30-минутно деби. Тоа беше импресивен показател за тоа што следуваше”, се вели во соопштението на Сити, кој исто така потсетува на голот на Агуеро на судиска компензација против КПР.со која клубот од Манчестер за прв пат ја освои Премиер лигата.
Пред стадионот ќе добие статуа заедно со Винсент Компани и Давид Силва. Агуеро одигра 384 натпревари за Сити и постигна 257 голови. Се верува дека кариерата ја продолжува во Барселона.