ИталијаФУДБАЛ

Ибрахимовиќ: Не можам да бидам тренер затоа што би удрил двајца играчи на натпревар, а осуммина потоа

ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ постигна 16 голови за Милан на 20 натпревари оваа сезона и на 39-годишна возраст е еден од најдобрите европски напаѓачи.

Тој се уште е физички моќен и покрај ситните повреди оваа сезона. Швеѓанецот сè уште не размислува за пензија. Тој не одлучи што ќе стори по завршувањето на играчката кариера.

Според последните изјави, едно е сигурно – не го привлекува тренерската работа.

“Невозможно е да се биде тренер. Би удрил најмалку двајца играчи во текот на играта и осуммина по натпреварот”, изјави тој за шведските медиуми.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Сподели: