КОШАРКАНБА

НИКОЛА ЈОКИЌ го водеше Денвер до убедлив триумф против Оклахома! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс убедливо ја совладаа екипата на Оклахома Сити Тандер на гости со резултат 126: 96, а Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл.

Центарот на српската репрезентација го забележа осмиот трипл-дабл оваа сезона за околу 30 минути на паркетот – 19 поени, 11 скока, 13 асистенции и две украдени топки.

Нагетси веќе добија двоцифрена предност во првиот дел, кој не го загубија до крајот на мечот.
Во втората и третата четвртина го зголемија водството, а во средината на последната четвртина ја имаа најголемата предност на мечот, дури +37.
Најефикасен во тимот од Колорадо беше Мареј со 26 поени, со два скока и пет асистенции.

Мајкл Портер имаше 20 поени и 10 скока. Бартон додаде уште 15, а Морис 13 поени.

Кај Оклахома се истакна Безли со 22 поени и четири скока. Роби постигна 15 поени.

Сподели: