ТAJГЕР ВУДС доживеа тешка сообраќајна несреќа по што беше пренесен во болница, пренесоа американските медиуми. Легендарниот играч на голф бил сам во автомобил кој бил многу оштетен во несреќата.
21:50 часот ПГA турнејата издаде официјално соопштение по несреќата на Вудс.
„Ги чекаме вестите што ќе ги добиеме кога операцијата ќе заврши. Во име на сите играчи од ПГА турнејата и нашиот персонал сакаме да укажеме дека Тајгер е во нашите молитви и ќе ја имаме целосната поддршка за време на опоравувањето. ”
Tiger Woods has been taken to hospital after being injured in a car crash in Los Angeles
LA County Sheriff's Department said: "Mr Woods was extricated from the wreck with the 'jaws of life' by Los Angeles County firefighters and paramedics"
Read more: https://t.co/tqMOg374Lc pic.twitter.com/svgWt7rkQ3
— Sky News (@SkyNews) February 23, 2021
Зборував со него по завршувањето на Мастерсот во 2019 година, кога го направи најголемиот кам-бек во историјата на спортот. Се сеќавам дека тој едвај стана од столот по интервјуто”, рече Сколс и додаде:
„Тешко е да игра четири рунди голф на крајот од кариерата, но има 45 години. Ако повредите на ногата се сериозни како што велат, тоа е веројатно крај на неговата кариера“.
21:15 Првата информација што пристигнува вели дека повредите на Вудс се „од умерени до критични“ и дека Вудс бил опериран. Тоа е она што го пренесува Си-Ен-Ен, наведувајќи дека тоа не е опасно по живот.