ТОТЕНХАМ синоќа загуби на домашен терен од Челзи со 1-0 во рамките на 22-то коло во Премиер лигата и падна на седмото место на табелата.
Тимот на Мурињо одигра слаба партија, иако на крајот имаше неколку добри прилики. Единствениот погодок на натпреварот го постигнaa од пенал во 24-та минута, а Мурињо исто така му се пожали на судијата по натпреварот.
“Имам многу добро мислење за судијата Маринер и затоа можам да кажам дека не сум задоволен од тоа како тој судеше. Тие победија со гол од белата точка што не постоеше и боли да се загуби играта на тој начин. Се мачевме во првото полувреме, но бевме добри во второто. ”- рече Мурињо.
Ниту Португалецот не го искористи Герет Бејл на овој натпревар, кој од клупата го следеше поразот на Спарс. Репортер на „Скај Спортс“ го праша Мурињо зошто Велшанецот не доби шанса.
„Добро прашање е, но не заслужувате одговор“, рече Мурињо, кому му беше поставено истото прашање на прес-конференцијата по натпреварот.
“Јас го давам својот максимум. Герет го дава својот максимум. Секој дава се од себе”, одговори Мурињо во свој стил.