Германската тениска репрезентација избори пласман во полуфиналето на АТП купот во Мелбурн откако во решавачкиот натпревар од групата А го совлада бранителот на титулата Србија со 2: 1.
Решавачкиот бод за Германија го донесоа Јан-Ленард Штруф и Александар Зверев победувајќи ги Новак Џoковиќ и Никола Чачиќ со 7: 6 (4), 5: 7, 10: 7. Џоковиќ беше многу депресивен по решавачкиот натпревар, скоро со солзи во очите. На првиот натпревар Штруф го совлада Душан Лајовиќ со 3: 6, 6: 3, 6: 4, а резултатот го израмни Џоковиќ, кој го совлада Зверев со 6: 7 (3), 6: 2, 7: 5.
Германија во полуфиналето ќе игра против Русија, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Италија и Шпанија.
Шпанија денес загуби од Грција со 1: 2, но тој пораз не беше решавачки.