ФранцијаФУДБАЛ

Ограбен дом на играч на ПСЖ. Украдени се работи во вредност од 400 илјади евра

Домот на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди беше ограбен во саботата вечерта, додека фудбалерот заедно со ПСЖ играа на гостински терен против Лориен во Бретања.

Накит, часовници и дизајнерска облека во вредност од 400.000 евра биле украдени од куќа во Нојли-сур-Сена. Дека се случила кражбата, сфатиле луѓе кои работеле на одржување на куќата на Икарди кога дошле на работа во неделата наутро.

Провалниците влегле во куќата преку прозорец
Полицијата спроведе истрага и зеде ДНК примероци и отпечатоци од прсти. Се сомнева дека провалниците влегле во куќата преку прозорец.

Минатата недела истата ситуација се случи и со соиграчот на Икарди, голманот Серхио Рико. За време на кражбата, Шпанецот играше против Монпелје.

Ова не се првите случаи на грабежи во домовите на играчи на ПСЖ. Дени Алвеш беше провален во февруари 2019 година, а Маимо Чопо-Мотинг во ноември 2018 година. Неговите работи во вредност од 600 илјади евра беа украдени.

Сподели: