Шпанските медиуми пишуваат за договорот на најголемата легенда, која ја уништи Барселона!
Шпански „Ел Мундо“ ексклузивно ги пренесе деталите за договорот на Лионел Меси со Барселона, најголемиот договор во историјата на фудбалот.
Во ноември 2017 година, Лионел Меси потпиша договор вреден 555.237.619 евра за четири години!
El Mundo today, what a bomb. Leo Messi’s contract with Barcelona revealed on front page ??? @elmundoes
– €555,237,619 contract [4 years].
– €138m per season fixed + variables.
– €115,225,000 as ‘renewal fee’ just for accepting the contract.
– €77,929,955 loyalty bonus. pic.twitter.com/FK3I34hJta
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 31, 2021
Имено, како што пренесува споменатиот извор, во ноември 2017 година, Аргентинецот потпишал договор со кој се носи до 138.000.000 евра по сезона. Договорот вклучува два бонуси: Еден за прифаќање на продолжување на договорот од 115.225.000 евра и друг за лојалност – 77.929.955 евра.
Споменатиот договор меѓу Меси и Барселона завршува на 30 јуни. Ел Мундо ја проценува платата на Меси од 2017 до 2021 година на 555.237.619 евра, бруто.
– Бројот е збир на фиксна плата, права на медиуми, серија бонуси и варијабли – пишува Ел Мундо.
Кога се намалуваат даноците, се проценува дека Аргентинецот собрал околу 297.000.000 евра. Повеќе од половина од бруто износот, околу 74.000.000 евра нето годишно, или околу 210.297 евра дневно нето заработка.