РАКОМЕТСП КАТАР 2022

Светското првенство започна!!!

Египетските ракометари ја совладаа чилеанската репрезентација со 35:29 (18:11) денес на отворањето на Светското првенство во Каиро, во играта од првото коло на групата Г.

Нема да има публика на 27-тото планетарно шоу, кое се игра во Египет, а поради големите проблеми поврзани со вирусот корона, две репрезентации се повлекоа од шампионатот, а тоа се Чешка и САД.

Како замена за овие две репрезентации, Северна Македонија ќе учествува на шампионатот во групата Г и селекцијата на Швајцарија во групата Е со Австрија, Франција и Норвешка.

Вториот натпревар од оваа група помеѓу Шведска и Северна Македонија се игра утре од 20.30 часот.

Сподели: