ФУДБАЛШпанија

Јовиќ дел од пакет од 100+ милиони евра?!

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ секој ден е се поблизу до напуштање на Реал Мадрид. Напишавме

претходно денес дека ПСЖ некако му ја отвори вратата на Килијан Мбапе , па Реал работи напорно на планот да го убеди Французинот да дојде во Мадрид.

Мадрискиот Ас открива дека Флорентино Перез инкасира најмалку 100 милиони од продажбата на играчи следното лето, а на листата со стрелци се најде и Лука Јовиќ.

Заедно со Јовиќ, во продажба ќе бидат и Иско и Марсело, како и повратниците од позајмицата Дани Себаjос, Герет Бејл и Брахим Дијаз, на кои нема да смета Зинедин Зидан.

Реал е убеден дека продажбата на споменатите играчи ќе им донесе доволно пари за трансфер на Килијан Мбапе, за кого ПСЖ нема да може да побара повеќе од 150 милиони евра.

Не треба да се заборави дека Мбапе влегува во последната година од договорот со парижаните на лето, дека се двоуми во преговорите за продолжување на соработката, па ПСЖ ќе мора да го пушти да замине за помалку пари отколку што се очекуваше.

Што се однесува до Јовиќ, пореална опција е да замине на позајмица оваа зима, да ја подигне цената за себе и да ја избере најдобрата одлука за продолжување на кариерата на лето.

Се споменуваше Милан, во еден момент Волците, но засега заминувањето на Јовиќ не е близу….

Сподели: