Фудбалерите на Шалке на домашен терен го победија Хофенхајм во 15-то коло од Бундеслигата со 4: 0 и го забележаа првиот триумф во домашното првенство по една година! Екипата од Гелзенкирхен последен пат славеше во лигата на 17 јануари 2020 година, кога на „Велтинс Арената“ ја совлада Борусија Мехенгладбах, и оттогаш не ја почувствуваа сласта на триумфот на точно 30 натпревари.
Постот беше пробиен на убедлив начин, а најголема заслуга има стрелецот на хет-трик Метју Хоп.
Младиот американски напаѓач (19) ја погоди мрежата на Хофенхајм во 42-та, 57-та и 63-та минута, пред конечниот резултат да го постави Харит во 80-та.
На другите натпревари, Фрајбург го совлада Келн со доминантни 5: 0, Баер Леверкузен ремизираше со Вердер Бремен 1: 1, што исто така беше нерешено на мечот Унион Берлин – Штутгарт (2: 2).
Екипата на Ајнтрахт го совлада Мајнц на гости со 2: 0.