Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед во фазата по групи ги заврши мечевите во Лигата на Шампиони. „Црвените ѓаволи“ со елиминација се соочија после поразот од Лајпциг во директниот дуел со 3-2.
Германците маестрално го отворија мечот и после 15-тина минути игра поведоа со 2-0. Манчестер Јунајтед не се опорави од лошиот старт. На средината од второто полувреме, Лајпциг зголеми на 2-0. Англичаните за само три минути постигнаа два погодоци и се вратија во игра. Сепак, до крајот не успеаја да постигнат трет погодок и со реми да обезбедат пласман во елиминациските мечеви.
Од групата Х друштво на Лајпциг ќе му прави Пари Сент Жермен. Вечерашниот натпревар на ПСЖ со Башакшехир поради расистички испад на четвртиот судија не го дочека крајот, но „светците“ имаат подобар меѓусебен дуел со Манчестер Јунајтед и автоматски се едно место погоре на табелата.
Италијанскиот првак Јувентус му сервираше слатка одмазда на Барселона за поразот во Торино. „Старата дама“ на крилата од Кристијано Роналдо славеше со 3-0 и го осигура првото место во групата.
Резултати:
Група Е: Челси – Краснодар 1-1, Рен – Севиља 1-3
Табела: Челси 14, Севиља 13, Краснодар 5, Рен 1
Група Ф: Лацио – Клуб Бриж 2-2, Зенит – Борусија Дортмунд 1-2
Табела: Борусија Дортмунд 13, Лацио 10, Клуб Бриж 8, Зенит 1
Група Г: Барселона – Јувентус 0-3, Динамо Киев – Ференцварош 1-0
Табела: Јувентус 15, Барселона 15, Динамо Киев 4, Ференцварош 1
Група Х: ПСЖ – Истанбул Башакшехир прекината, Лапјциг – Манчестер Јунајтед 3-2
Табела: Лајпциг 12, ПСЖ 9 (-1), Манчестер Јунајтед 9, Башакшехир 3 (-1).