Европската куќа на фудбалот (УЕФА), го осуди вчерашниот инцидент на натпреварот помеѓу Пари Сент Жермен – Башакшехир во Лигата на Шампионите и најави детална истрага.
Турскиот клуб во знак на револт го напушти „Паркот на Принцовите“, откако четвртиот судија Себастијан Колческу на расна основа го навредил помошникот тренер Пјер Вебо. Колческу ги искористил зборовите „црно момче“, алудирајќи на Вебо кој бил покрај аут линијата. Зборовите ги слушнале резервните фудбалери и стручниот штаб на Башекшехир, кои бурно реагираа кон четвртиот и главниот судија.
Незадоволството кај тимот на Башакшехир било толку големо, што ги одбиле сите понуди од УЕФА да го продолжат мечот со истите судии. Прекинатиот натпревар кој подоцна беше суспендиран од УЕФА ќе продолжи денеска со почеток во 19 часот. На теренот ќе се појават комплет нови судии, кои мечот ќе го продолжат од 14-та минута. Резултатот при прекинот беше 0-0.
ПСЖ со било каква победа на мечот со Башакшехир ќе го обезбеди првото место во групата, а втор патник од Х групата е Лајпциг, кој синоќа го победи и го елиминираше Манчестер Јунајтед