КОШАРКАНБА

ЛИЛАРД ВО СТИЛОТ НА КОБИ БРAЈАНТ: Неверојатен погодок за победа! (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа осум дуели во рамките на НБА лигата, меѓу кои имаше и многу интересни!
Еден од најдобрите дуели, ако не и најдобриот, синоќа го одиграа Чикаго и Портланд . Портланд го доби тој натпревар 122: 123, со неверојатна низа на Лилард , кој го сврте натпреварот со две врзани тројки и му донесе победа на својот тим. Одличниот плејмејкер го заврши натпреварот со 44 поени.


Уште едно неизвесно финале се одигра во прегреаната Флорида , каде што ‘вкрстија копја’ Мајами и Сакраменто . Победата за домаќинот ја донесе Батлер, со кош за два поени, 105: 104.


Лука Дончиќ ја имаше својата вечер, но Далас повторно загуби и продолжи да тоне кога се во прашање шансите за „плејофот“. Дончиќ постигна 29 поени, осум скока и седум асистенции. Бобан Марјановиќ не доби шанса.

ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Милвоки 126: 114
Орлеанс – Хјустон 112: 126
Бостон – Лејкерс 95:96
Сан Антонио – Мемфис 112: 129
Голден Стејт – Детроит 118: 91

Сподели: