Недоволната физичка подготовка за еден ваков систем на натпреварување, и поканата за Светско првенство во последен час, го зеде „данокот“ кај одредени ракометари. Дел од нив признаа дека се уморни, дел веќе се соочуваат со повреди, среќа истите не се од сериозен карактер, но сепак прават проблем во составувањето на тимот за секој следен меч. Во случајов, Данило Брестовац не знае со какви сили ќе располага за дуелот со Белорусија, последен од главната фаза, последен на Светското првенство.
„Утре треба да видиме со каков состав ќе располагаме. Имаме многу проблеми, не знам кој ќе игра. Денеска тренингот ќе го работиме во две групи. Дел од момци кои вчера беа повеќе оптеретени ќе тренираат во вежбална, додека останатите во сала. Ќе треба прво да составиме тим за да може да изненадиме“, вели селекторот.
Засега на листата на повредени се Цветан Кузманоски, Марио Танкоски и Мартин Велковски. Но, најверојатно списокот се зголеми, да се надеваме дека нашите момци ќе бидат во најдобар ред.