Тотенхем повторно се сопна!
Фудбалерите на Тотенхем одиграа нерешено на домашен терен против Фулам , 1: 1 (1: 0) во мечот од 16-то коло во Премиер лигата.
Домаќините влегоа подобро во мечот и во 25-та минута Хари Кејн по центаршутот на Серхио Регилон погоди со глава за 1: 0. Со овој резултат заминаа на одмор.
Во продолжението од мечот гостите погодија во 74-та минута, а стрелец беше Иван Кавалеиро и со тоа го постави конечниот резултат.
Fulham fight back to claim a much-deserved point#TOTFUL pic.twitter.com/zSUzXUBGUJ
— Premier League (@premierleague) January 13, 2021
Александар Митровиќ не беше ниту на клупата во тимот на Фулам.
По ова реми, Тотенхем остана на шестата позиција со 30 бода, шест помалку од лидерот на Манчестер, додека Фулам има 12 бода и ја зазема 18-та позиција во шампионатот.
Во следното коло, Тотенхем ќе гостува кај Шефилд Јунајтед, додека Фулам ќе се сретне со Челси.