АнглијаФУДБАЛ

Микел Артета има три натпревари да си ја спаси својата работа

Според пишувањата од островот, Микел Артета може да добие отказ пред фудбалскиот маратон за божиќните празници. Управата на Арсенал со последна шанса до нивниот менаџер да го спаси своето столче во наредните три кола.

Шпанецот кој во својата кариера го носеше дресот на Арсенал има тежок почеток на сезоната во премиер лигата, каде што неговиот тим е 15ти на табелата и со дури шест порази во првите 11 кола. Со евентуален пораз во наредното коло Арсенал ќе биде на само четири бода од зоната на испаѓање што дополнително му дава притисок на Артета.

Медиумите додаваат дека Арсенал веќе има листа со потенцијални наследници на шпанецот, каде што поранешниот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри е прв кандидат.

Алегри е без работа веќе година и пол по неговата разделба со Јуве, но резултатите којшто ги оствари во минатото, со пет титули по ред во Серија А и четири купа, доволно зборуваат за неговите квалитети.

Сподели: