ИталијаЛига на ШампиониФранцијаШпанија

Завршува групната фаза во Лигата на Шампиони

Вечерва, со мечевите од А, Б, Ц и Д групите ќе завршат возбудувањата по групи во најквалитетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампионите.
Најинтересно ќе биде во групата Б каде се наоѓаат Реал Мадрид, Интер, Борусија Менхенгладбах и Шахтјор. Четирите екипи имаат шанса за пласман во нокаут фазата. Во најдобра позиција на табелата е германскиот бундеслигаш, но тој гостува кај Реал Мадрид. Меч топка на домашен терен има Интер, кој се извлече од елиминација.

Директни пресметки за пласман во топ 16 има во Салзбург каде истоимената екипа ќе се сретне со Атлетико Мадрид и во Амстердам каде силите ќе ги одмерат Ајакс и Аталанта.

Двојки:
Група А: Баерн Минхен – Локомотив Москва, Салзбург – Атлетико Мадрид

Табела: Баерн Минхен 13, Атлетико Мадрид 6, Салзбург 4, Локомотив Москва 1

Група Б: Интер – Шахтјор Доњецк, Реал Мадрид – Борусија Менхенгладбах

Табела: Борусија Менхенгладбах 8, Реал Мадрид 7, Шахтјор Доњецк 7, Интер 5

Група Ц: Манчестер Сити – Олимпик Марсеј, Олимпијакос – Порто

Табела: Манчестер Сити 13, Порто 10, Олимпијакос 3, Олимпик Марсеј 3

Група Д: Ајакс – Аталанта, Митјиланд – Ливерпул

Табела: Ливерпул 12, Аталанта 8, Ајакс 7, Митјиланд 1

Сподели: