Баерн Минхен е домаќин на Лајпциг во дербито на колото во Бундеслигата. Баерн е прв, но има само два бода предност во однос на Лајпциг, кој сака да освои барем еден бод за да остане во тесна трка со актуелниот шампион.
Свежината голема предност за тимот на Флик
Кога Роберт Левандовски од непосредна близина ја погоди стативата, а ретката погрешна проценка на Мануел Нојер му дозволи на Тангуј Кулибали да постигне гол, се чинеше дека Баерн ќе киксне против Штудгард. Сепак, Баерн направи целосен пресврт и славеше со 3:2.
Но Ноер не беше свој и имаше среќа и во второто полувреме, кога по сопствени грешки само среќата ја зачува неговата мрежа. Интересно е тоа што Баерн на некој начин беше надигран и тој меч во минатото коло беше еден од ретките каде противникот имашр повеќе шутеви кон голот на Баерн Минхен.
Бидејќи му беше дозволен луксузот да направи дури девет измени во Лигата на Шампиони, сег тимот е свеж. Освен тоа, оние фудбалери кои добија шанса против Атлетико Мадрид одиграа над очекувањата. За Баерн настапија неколку младинци, фудбаери кои поретко добиваат шана, но тимот одигра 1.1 во Мадрид кај Атлетико кој пак настапи со првиот тим.
Флик сега се надева дека неговите играчи кои по долго време беа надиграни и тоа од екипа како Штудгард, ќе се вратат во клучниот судир со Лајпциг.
I like this weblog it’s a master piece! Glad I observed this ohttps://69v.topn google.Blog money