Натпреварите од седмото коло во двете групи носат нови важни пресметки во трката за врвот на табелите.

Прволигашката конкуренција продолжува со натпреварите од седмото коло, кое ќе се игра во текот на викендот, со интересни дуели во двете групи.
Во групата А, лидерот Феникс 2010, кој има максимални шест победи од исто толку натпревари, го пречекува Водно Санс. Тоа е една од најинтересните пресметки во ова коло, со оглед на тоа што гостите се на втората позиција со биланс од пет победи и еден пораз.
Истиот ефект го има и Мега баскет, кој на домашен терен во Прилеп ќе игра против Младинец, екипа која сè уште ја бара првата победа во шампионатот. ИБА Скопје ќе ги пречека Ангели, додека во Струга, Црн Дрим ќе се обиде да стигне до нов позитивен резултат против Борец баскет.
Во групата Б, вниманието е насочено кон лидерот Гостивар, кој со пет победи од пет натпревари ја предводи конкуренцијата. Гостиварци ги очекува гостување во Охрид, против екипа која досега има три победи и два порази.
Вардар, кој е второпласиран со четири победи, ќе го пречека Овче Поле, кое има ист биланс како и Охрид (3-2). Бутел на домашен терен ќе игра против Тетекс ТТК, додека екипата на Гевгелија е слободна во ова коло.





Додај коментар