Македонска кошарка • Супер лига

МКК Куманово убедлив против Струмица за четврта победа во сезоната

Кумановци славеа со високи 85:48 и уште еднаш ги потврдија своите амбиции во МТЕЛ Суперлигата.

Кошаркарите на МКК Куманово ја забележаа четвртата победа во актуелната сезона на МТЕЛ Суперлигата, откако на домашен терен убедливо ја совладаа екипата на Струмица 2001 со 85:48.

МКК КУМАНОВО – СТРУМИЦА 2001 85:48

Домашниот состав уште од самиот почеток го наметна својот ритам и не му дозволи на противникот да се надева на позитивен резултат. Кумановци ја добија првата четвртина со 21:8, а до полувремето ја зголемија предноста на 40:19. Во продолжението разликата дополнително растеше, па МКК на крајот стигна до убедлив триумф од 37 поени разлика.

Четворица кошаркари во победничкиот состав имаа двоцифрен поентерски ефект. Најефикасен беше Гуден со 18 поени, пет скока и една асистенција, Стевановиќ постигна 17 поени, Стајиќ заврши со 14 поени и девет асистенции, додека Фундиќ придодаде 10 поени и осум скока.

Во редовите на Струмица 2001, Пандев беше најрасположен со 14 поени и осум скока, Крафорд постигна 11, а Херис средбата ја заврши со 10 поени и девет скока.

Со овој триумф МКК Куманово го подобри својот биланс на четири победи и три порази по седум одиграни кола.

МТЕЛ СУПЕРЛИГА

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО

Кожув – ТФТ 86:88

Тиквеш Голден Игл – Пелистер 72:70

ГКК Штип – Скопје 103:94

МКК Куманово – Струмица 2001 85:48

16.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

Спортски центар „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Ks2c6DFjyv0?si=nnf9LTFQTx_mEg8p