Жени • Репрезентација

Тијана Митрева: „Си веруваме, се поддржуваме, и се бориме една за друга“

„Да се игра пред домашната публика е посебно чувство и дополнителен мотив да го дадеме максимумот“ – порачува репрезентавнито бек пред средбата со Естонија (сабота, 18 часот, МРТ) во Штип

Женската сениорска репрезентација на Македонија се врати од Букурешт, каде го одигра првиот натпревар од ноемврискиот циклус на претквалификациите за Евробаскетот 2029.

И покрај поразот од Романија, во македонскиот табор владее оптимизам и верба дека оваа млада селекција има потенцијал за напредок.

Следниот предизвик за избраничките на селекторот Виктор Петровски е дуелот со Естонија, кој ќе се одигра во сабота (14 ноември), со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар „Џексон“ во Штип.

Тијана Митрева е задоволна од атмосферата во репрезентативниот табор, а особено од хемијата и заедништвото што, според неа, се чувствуваат и надвор од теренот и за време на натпреварите.

Верува дека токму тие вредности, заедно со желбата и борбеноста, се добра основа за иднината на овој млад национален тим.

„Ваква хемија во репрезентацијата одамна немам почувствувано. Знам дека надвор од теренот сме многу поврзани, но она што најмногу ме радува е што таа поврзаност уште повеќе се чувствува на теренот. Си веруваме, се поддржуваме и се бориме една за друга.

И покрај поразот во Романија, можам да кажам дека сум навистина задоволна од она што го покажавме на теренот. Покажавме огромна желба, карактер и борбеност, а тоа за мене е многу поважно од самиот резултат.

Свесни сме дека секој почеток е тежок и дека е потребно време за да се изгради нешто вистински квалитетно. Но токму енергијата, карактерот и заедништвото што ги покажавме се доказ дека оваа репрезентација има светла иднина“.

Тагови

3 коментари

Кликни тука за да коментираш

МТЕЛ Супер Лига2026/27
ЕкипаБод.
1. Работнички ад 16
2. МЗТ Скопје Аеродром ад 14
3. МКК Куманово ад 12
4. Тиквеш Голден Игл ад 12
5. Кожув ад 12
6. ТФТ ад Скопје 12
7. Пелистер ад 11
8. ГКК Штип АД 11
9. КК Маџари 2023 ад 10
10. Струмица 2001 АД 10
Извор: КФСМ · Целосна табела ↗