Мажи • Репрезентација

Сениорите го одработија првиот тренинг во „Градски парк“ (ФОТО)

Здравствените проблеми повторно се предизвик за стручниот штаб

Здравствените проблеми повторно се предизвик за стручниот штаб

Машката сениорска репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг пред натпреварот со Кипар, втор во рамките на вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029.

Селекторот Жозеп Марија Берокал на располагање имаше најголем дел од повиканите кошаркари, но здравствениот билтен и овојпат му создава одредени проблеми на стручниот штаб на нашиот најдобар национален тим.

На првиот тренинг присуствуваа, но не беа активни неколку репрезентативци. Валмир Какруки е надвор од конкуренција поради повреда на левиот бутен мускул, здобиена на последниот натпревар за Башкими. Поради повреда, дуелот со Кипар ќе го пропушти и Андреј Андоноски.

Поради новонастанатата ситуација, стручниот штаб одлучи да испрати дополнителен повик до Дамјан Робев, еден од најдобрите играчи во редовите на лидерот во МТЕЛ Суперлигата, Работнички.

Сепак, има и позитивни вести. Со репрезентацијата е Андреј Магдевски, кој постепено се враќа во натпреварувачки ритам по операцијата на предните вкрстени лигаменти. На првиот тренинг присуствуваше и Андреј Јакимовски, кој исто така е во процес на рехабилитација, поради која повеќе од еден месец е надвор од натпреварувачкиот ритам во својот нов клуб, Наполи.

Ненад Димитријевиќ ќе му се приклучи на националниот тим на утрешниот тренинг, додека Мозе Рајт, поради обврските со Олимпија Милано во Евролигата, се очекува да пристигне во Скопје на 25 ноември.

Според планираната програма, нашите репрезентативци до натпреварот со Кипар ќе одработат уште три тренинзи. Во вторник ќе тренираат од 11:30 часот, во среда од 16:30 часот, додека последниот тренинг е предвиден за четврток, на денот на натпреварот, во периодот од 10:00 до 11:00 часот.

Натпреварот Македонија – Кипар се игра во четврток (26 ноември), со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Извор: КФСМ

 

Додај коментар

Кликни тука за да коментираш

МТЕЛ Супер Лига2026/27
ЕкипаБод.
1. Работнички ад 16
2. МЗТ Скопје Аеродром ад 14
3. МКК Куманово ад 12
4. Тиквеш Голден Игл ад 12
5. Кожув ад 12
6. ТФТ ад Скопје 12
7. Пелистер ад 11
8. ГКК Штип АД 11
9. КК Маџари 2023 ад 10
10. Струмица 2001 АД 10
Извор: КФСМ · Целосна табела ↗