Македонска кошарка • Супер лига

МТЕЛ СУПЕРЛИГА: Штипјани ја почувствуваа вистинската енергија на шампионот!

МЗТ Скопје Аеродром одигра извонредно прво полувреме, на паузата имаше убедливи (51:23) и на крајот славеше со 96:74 за шеста сезонска победа.

МЗТ Скопје Аеродром одигра извонредно прво полувреме, на паузата имаше убедливи (51:23) и на крајот славеше со 96:74 за шеста сезонска победа.

n

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром се врати на победничкиот колосек во МТЕЛ Суперлигата, откако на домашен терен убедливо го совлада ГКК Штип со 87:60.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГКК ШТИП 96:74

Актуелниот шампион уште од самиот почеток покажа дека нема да дозволи изненадување. „Сино-белите“ одиграа одлична прва четвртина, во која изградија предност од 24:11, а продолжија во ист ритам и во вториот период.

Притисокот на домашниот состав беше уште посилен во продолжението од првото полувреме, во кое практично беше решено прашањето околу победникот. На одморот, МЗТ Скопје Аеродром имаше огромна предност од 28 поени (51:23).

По паузата следуваше нешто порамноправна игра. Штипјани се обидуваа да ја намалат високата негатива, но домаќинот не дозволи сериозно враќање на гостите во натпреварот. По три одиграни четвртини, аеродромци и понатаму имаа убедливи 71:46, па без поголеми проблеми го контролираа текот на последниот период и стигнаа до конечни 87:60.

Лука Стојановски беше најефикасен во победничкиот состав со 21 поен, пет скока и две асистенции. Војдан Стојановски запиша 16 поени, со одлични 4/6 во шутот за три поени, дополнети со пет асистенции. Николиќ оствари дабл-дабл учинок од 14 поени и 11 скока, Мекиќ имаше 13 (плус четири асистенции и три скока), додека Тадиќ придонесе со 12 поени, четири скока и две асистенции.

Кај гостите од Штип, Пал беше најефикасен со 22 поени и четири скока, додека Хамилтон, Димчевски и Митев завршија со по 11 реализирани поени.

Ова беше шеста победа за МЗТ Скопје Аеродром во осум одиграни натпревари, додека ГКК Штип по осмиот настап има биланс од три победи и пет порази.

МТЕЛ СУПЕРЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – ГКК Штип 96:74

Пелистер – МКК Куманово 85:72

Работнички – ТФТ 104:84

Струмица 2001 – Кожув 69:75

Скопје – Тиквеш Голден Игл 97:94

ТАБЕЛА: Работнички 8/0, МЗТ Скопје Аеродром 6/2, МКК Куманово 4/4, Тиквеш Голден Игл 4/4, Кожув 4/4, ТФТ 4/4, Пелистер 3/5, ГКК Штип 3/5, Скопје 2/6, Струмица 2001 2/6;

ИДНО КОЛО (5/6.12)

ГКК Штип – Работнички

Тиквеш Голден Игл – МЗТ Скопје Аеродром

МКК Куманово – Скопје

Кожув – Пелистер

ТФТ – Струмица 2001

n

Извор: КФСМ