Македонија ракометРАКОМЕТСП ЕГИПЕТ 2021

Натпревар на кој Македонија мора да победи!!!

Македонија тргна со тежок и убедлив пораз од Шведска на ракометниот Мундијал, пораз од домаќинот Египет,но слабиот старт веќе е заборавен, по што фокусот на избраниците на Данило Брестовац е насочен кон средбат со Чиле, која е закажана за утре во 15ч и 30 мин.

Филип Талески, еден од играчите кои треба да бидат носители на репрезентацијата, посочи дека јавноста мора да има трпение бидејќи оваа селекција минува низ транзиција на нова генерација.

„Нема да бараме алиби и изговори за вчерашниот пораз. Едноставно не одигравме како што треба, ниту во нападот, а ниту во одбраната. Тоа што го договоривме не го реализиравме, а тоа не смее да се случи во дуелот против Чиле. Верувајте ми дека и ние сакаме оваа репрезентација да победува веднаш, но треба да се има трпение. Осцилациите се видливи во создавањето на новата генерација. Ни останува да се фокусираме на она што следува, а тоа е мечот против Чиле во кој ќе мора да покажеме многу подобра игра“, посочи Талески.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Сподели: