ФУДБАЛШпанија

Барселона му плати 60 милиони евра, а сега од трибините го следи мечот за трофејот

РОНАЛД КУМАН го објави списокот на фудбалери на кои смета за вечерашниот натпревар од финалето на Купот на кралот, а Миралем Пјаниќ го нема на таа листа.

Босанскиот играч за врска пристигна во Барселона минатото лето за 60 милиони евра од Јувентус. Од него се очекуваше да биде еден од главните играчи на средината на теренот, но неговата минутажа и улогата со тренерот Роналд Куман се мизерни.

Пјаниќ неколку пати јавно го искажа своето незадоволство од записникот, но ставот на Куман кон него не е променет, па тој од трибините го следи вечерашниот натпревар против Атлетик. Оваа сезона, 30-годишниот играч за врска играше само 1275 минути. Тој се уште е без погодок и асистенција во дресот на Барселона.
Јуниор Фирпо, Матеус и Рики Пуиг, уште еден фудбалер кој имаше конфликти со Куман, му прават друштво на трибините вечерва. Интересно, Куман на клупата остави дури двајца голмани.

Сподели: