ИталијаФУДБАЛ

Манџукиќ се откажа од 300.000 евра плата!!!

МАРИО МАНЏУКИЌ се откажа од платата за март, бидејќи ги пропушти сите натпревари на Милан поради повреда и не можеше да му помогне на тимот.

„Тоа е неверојатен гест што зборува многу за неговиот карактер, професионализам и почит кон клубот“, рече претседателот Паоло Скарони, додавајќи дека клубот ќе ја донира платата на Манџукиќ во хуманитарната фондација на клубот.

Манџукиќ одигра само 158 минути откако пристигна во Милано во јануари и нема постигнато ниту еден гол, а се повреди во средината на февруари на мечот против Специја.

Тој има договор со клубот до крајот на јуни, а за шест месеци требаше да заработи околу 1,8 милиони евра. Сепак, таа сума ќе биде намалена за 300.000 евра, кои ќе бидат донирани во клупската фондација.

Сподели: