ГерманијаФУДБАЛ

После Левандовски, Баерн загуби уште еден клучен напаѓач поради короната

СЕРЖ ГНАБРИ е позитивен на коронавирус, потврди Баерн Минхен.

Таа лоша вест за Баварците доаѓа еден ден пред првата проба против ПСЖ во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Така Баерн ќе биде домаќин на Парижаните дополнително офанзивно ослабени бидејќи нивниот најдобар стрелец Роберт Левандовски ќе ги пропушти двата натпревари поради повреда.

Гнабри оваа сезона одигра 30 натпревари во сите натпреварувања за Баерн и постигна 10 погодоци. Тој е трет стрелец на клубот во Бундеслигата зад Левандовски и Мулер.

Сподели: