Лига на ШампиониШпанија

Голем проблем за Реал неколку часа пред дуелот со Ливерпул. Варан е позитивен!

„РЕАЛ МАДРИД ја известува јавноста дека резултатот од тестот за коронавирус, што го направи утрово нашиот играч Рафаел Варан, е позитивен“, објави шпанскиот шампион на денот на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Реал ќе игра против Ливерпул без првиот стопер пар вечерва од 21 часот. Поради повредата до крајот на месецот нема да игра капитен Серхио Рамос, а сега поради болест и Варан е на неопределено време.

Сепак, ова не е многу лоша вест за Реал само за денешниот натпревар. Варан мора да помине најмалку една недела во самоизолација, што значи дека ќе го пропуштат реваншот против Ливерпул следната среда на „Енфилд“, како и шампионското дерби во сабота во кое Реал ја пречекува Барселона.

Сподели: