ФУДБАЛШпанија

МЕСИ JA УСЛОВИ БAРСЕЛОНА! Поднесени се три БАРАЊА! Тој сака да управува со клубот!

Како што стојат работите сега, а според „Еуроспорт“, Меси му предал на Лапорта список со барања според кои тој ќе остане на „Камп Ноу“. Во случај да бидат исполнети барањата, Меси ќе го продолжи договорот, во спротивно ќе ја напушти Барса без обештетување.
Првиот услов на Меси е Барселона да доведе уште една суперѕвезда во напад за да го олесни. На списокот на потенцијални засилувања се наоѓаат Серхио Агуеро, Ерлинг Халанд, Лаутаро Мартинез и многу други.
Од друга страна, Меси бара Барса да се сврти кон своите таленти и да ја гради играта во иднина околу Анса Фати, Педри и Илеикс Мориба, кои се претставија добро оваа сезона.

Последното, но не и најмалку важно барање е Меси да биде во постојан контакт со претседателот на клубот за да ги знае плановите и стратегијата за развој на клубот. На крајот, Меси ја искористи можноста да го пофали тренерот Куман, чии шанси да остане во Каталонија рапидно растат.

Сподели: