ИталијаФУДБАЛШпанија

Се подготвува уште една голема размена помеѓу Јувентус и Барса?

КОРИЕРЕ ДЕЛО СПОРТ известува дека следната сезона нема да има место за Пол Дибала во Јувентус.

Италијанскиот шампион нема повеќе трпеливост за 27-годишниот Аргентинец, кој постигна само два гола на 16 настапи оваа сезона со две асистенции. Дибала има договор со Јувентус до јуни следната година, а преговорите за нов договор траат со месеци. Сега се чини дека Јувентус ќе ги прекине преговорите и ќе го стави Дибала на трансфер листата.

Кориере дело Спорт тврди дека Јувентус е подготвен да го ослободи Дибала во Барселона во замена за францускиот напаѓач Антоан Гризман. Барселона не е задоволна од игрите на Гризман откако тој пристигна од Атлетико пред две години за 120 милиони евра. Гризман постигна 12 гола оваа сезона и има 11 асистенции. 

Минатото лето, Јувентус и Барселона се договорија за размена на Миралем Пјаниќ и Артур Мел, а со години Јувентус покажува интерес за Гризман, а каталонскиот великан за Дибала.

Сподели: