АнглијаФУДБАЛ

Манчестер јунајтед се сопна против ВБА, за ВАР повторно се зборува

МАНЧЕСТЕР Јунајтед ремизираше 1-1 на гостувањето против Вест Бромвич Албион во рамките на 24. коло од Премиершип.

Мбаје Дијагне погоди во втората минута за водство на домашниот тим, а голот за Јунајтед го постигна Бруно Фернандес во 44-та минута.

Двете екипи имаа неколку шанси да дојдат до победата. Мејсон Гринвуд и Скот Мектоминај ги имаа најголемите шанси за Јунајтед во 71. минута, а чист гол на другата страна промаши Диагн седум минути подоцна.

Мечот ќе остане запаметен по чудната одлука на ВАР да го поништи пеналот за Јунајтед во 64-та минута. Главниот судија Крег Паусон досуди пенал по соборувањето на Хари Мегваер, а снимките покажаа дека дефанзивецот на Јунајтед е во офсајд.

Паусон и ВАР во центарот на вниманието
Сепак, Паусон го откажа пеналот по гледањето на видеото, и не досуди офсајд. Ова ги збуни сите бидејќи се чинеше дека требаше да досуди пенал ако веќе не играше офсајд.

Јунајтед сега има само една победа на последните пет натпревари во лигата и е на второто место со седум бода помалку и натпревар повеќе од Сити.

ВБА е претпоследна со два бода повеќе од Шефилд Јунајтед

Standings provided by SofaScore LiveScore

Сподели: