Ракометарот на ДАНСКА, Микел Хансен е најкорисниот играч на Светското првенство во Египет, а оваа награда ја доби пред две години на Светското првенство во Данска и Германија.
Хансен ја предводеше Данска во финалето на Светското првенство во победата против Шведска (26-24) со седум постигнати голови, и постигна вкупно 48 погодоци на шампионатот.
Одличниот дански ракометар беше МВП и најдобар стрелец на последното Светско првенство.
Избрана е и најдобрата репрезентација на Светското првенство во Египет.
Голман: Андреас Паличка (Шведска)
Лево крило: Хампус Ване (Шведска)
Лево крило: Микел Хансен (Данска)
Средно крило: им Готфридсон (Шведска)
Десно крило: Матијас Гидзел (Данска)
Десно крило: Феран Соле Сала (Шпанија)
Пивот: Лудовиќ Фабрегас (Франција)