ИталијаФУДБАЛ

По освојувањето на трофејот со Јувентус, Пирло го прокоментира трансферот на Манџукиќ!!!

ЈУВЕНТУС го освои Суперкупот на Италија со 2-0 во средата навечер со победа над Наполи во Реџо Емилија. За Андреа Пирло како тренер, ова е прв трофеј во неговата кариера, а головите ги овозможија Кристијано Роналдо и Алваро Мората.

По натпреварот, Пирло го анализираше натпреварот и на крајот новинарите го прашаа што мисли за трансферот на Марио Манџукиќ во Милан.

“Милан најде играч со многу прецизни карактеристики што можат да одговараат на нивниот стил на фудбал. Тоа е многу добар трансфер за нив”, рече стратегот на Јувентус.

Трансферот на Манџукиќ во Милан го пофали Алесандро Дел Пјеро со неговите избрани зборови.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Сподели: