Екстремни спортови

Страшна несреќа на американски скијач: Ја удри главата во оградата, а потоа со хеликоптер беше префрлен во болница! (ВИДЕО)

Американскиот скијач Томи Форд доживеа несреќа за време на велеслаломот што се вози во Аделбоден, Швајцарија.

Американецот стартуваше четврти на патеката, а непосредно пред финишот падна на главата и ја изгуби свеста. Трката беше прекината набргу потоа, а Форд беше итно пренесен во болница со хеликоптер.

Форд ја удри главата во заштитната ограда која беше поставена непосредно пред целта, а сè уште нема официјални информации за неговата состојба.

Тој, во меѓувреме, се освести и разговараше со лекарите кои му помагаа на патеката пред да го стават во хеликоптер и да го однесат во болница.

Сподели: