ФранцијаФУДБАЛШпанија

Bonjour, Париз: Меси му „испрати“ порака на Нејмар, ПСЖ го чека со раширени раце!

Лео Меси е на крстопат, наскоро ќе стане познато каде ја продолжува кариерата, а по тој повод, одлични вести пристигнуваат од Бразил.

Имено, како што пренесува локалниот новинар Тијаго Асмар, славниот Аргентинец испратил порака во WhatsApp до Нејмар, неговиот поранешен соиграч, дека ќе му се придружи во клубот и ќе стане дел од „нападот од соништата“ на ПСЖ.

Деновиве шпанското радио Кадена Сер ја објави информацијата дека Лионел Меси купил луксузен стан во Мајами, што само ги „загрева“ наговестувањата дека може да игра за локалниот фудбалски клуб ФЦ Интер Мајами, сопственост на Дејвид Бекам.

Сепак, тоа беше само „втора, трета опција“ во неговите планови, а на прво место беше „повторно обединување со Гвардиола“, со кој двапати ја освои Лигата на шампионите. Сепак, според тврдењето на споменатиот новинар од неговата татковина, Нејмар успеа да го убеди својот поранешен соиграч да им се придружи на него и Мбапе во Пари Сен Жeрмен.

Меси и Нејмар, заедно, освоија две титули во Шпанија и една во Лигата на шампионите во времето кога играа за Барселона.

 

Сподели: