ИталијаФУДБАЛ

Без реприза на „Наполи“, Јуве замина на „Сан Сиро“!

Имаше голема неизвесност околу одигрувањето на вечерашниот натпревар во Милано.

Фудбалерите на Јувентус имаат два официјални случаи на инфекција со вирусот корона во нивниот тим. Алекс Сандро и Куадрадо ќе го следат натпреварот од изолација, другите „бјанконери“ заминаа за Милан.

„Бјанконерите“ претпладнево имаа уште еден тест пред патувањето, се чини дека нема нови заразени лица, па дербито на лидерот и шампион во Серија А ќе го гледаме во закажаното време вечерва од 20:45 часот.

Сподели: