Европски првенства во ракометРАКОМЕТ

Норвешките ракометарки ја освоија осмата титула првак на Европа!!!

Норвешките ракометарки вечерва освоија златен медал на Европското првенство, откако во финалето ја совладаа Франција со 22:20.

Кај Норвежанките најдобри беа Вероника Кристијансен, Штине Скогранд и Нора Морк со по четири гола, додека Камила Херем и Стине Офтедал постигнаа по три гола.

Кај Франција, Паулета Фопа беше подобра од другите со пет погодоци.

Норвежанките по осми пат во својата историја успеаја да освојат злато на Европското првенство.

Норвешката репрезентација ги оствари сите победи на Европското првенство, а со тоа успеа да ја заврши годината со сите победи во сите натпреварувања. Тие го претрпеа последниот пораз од Русија, во декември 2019 година.

Претходно денес, Хрватска го освои бронзениот медал, откако ја победи Данска со 29:25 во мечот за третото место.

Ова е прв медал на големите натпреварувања за хрватските жени, а до најголемиот успех ги водеа Стела Посавец и Катарина Јечиќ со по пет погодоци.

Сподели: