Тренерските препукувања преку медиумите продолжуваат и во овој период, а истите се поврзани со коментарите кои во јавноста пред се ги изнесуваат Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.
Клоп е најгласен во обвинувањата дека треба да се врати правилото за пет измени поради згуснатиот распоред на клубовите, а него поддршка му даде Пеп Гвардиола.
Прво Клоп беше нападнат од Крис Вајлдер, а сега осуда за коментарите стигна и од Жозе Мурињо кој го зеде за пример својот Тотенхем со кого во една недела одигра четири натпревари, по еден на секои два дена.
– Ние во еден момент игравме четири натпревари во една недела. Тогаш не слушнав никакво плачење од другите и поддршка за нас. А, сега моите колеги и тоа како се гласни поради овој проблем, -јасен беше Мурињо.
Comments (2)