ФУДБАЛШпанија

Реал Мадрид – Атлетико Мадрид

Славниот тренер и поранешен фудбалер верува во своите играчи!

Во сабота од 21:00 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, Реал го пречекува Атлетико Мадрид. Тренерот на домашниот тим Зинедин Зидан очекува многу добар дуел.

– Ја освоивме титулата минатата сезона и сакаме да ја браниме круната до крајот, да победиме на секој натпревар, особено во претстојниот, бидејќи тоа е одличен натпревар. Токму такви игри сакаат да играат моите играчи – започна Зидан.

На прашањето дали Атлетико во моментов е најдобар во шпанското првенство, Зидан беше директен.

-Да, дефинитивно е така, тие покажуваат дека на теренот се фаворити за титулата. Тие се на врвот на табелата и во таа смисла отсекогаш биле сериозни конкуренти. Ние добро ги познаваме, но се фокусираме првенствено на нас самите. Ние мора нон стоп да покажеме каков тим сме, не смееме да размислуваме за титулите, туку само за секој следен натпревар. Сега сакаме да покажеме дека ја браниме титулата.
Иско и Марсело веќе подолго време се во непрепознатливо лоша форма, но Зидан истакна дека верува во своите играчи.

– Тие секогаш го покажуваат калибарот на играчите, сите знаеме што направија за овој клуб. На секои три дена е нов натпревар, сметам на сите мои фудбалери – заклучи славниот тренер.

Сподели: