Лига на ШампиониФУДБАЛ

Јувентус против Челзи за врвот во групата!!!

ЈУВЕНТУС и Челзи од 21 часот го играат натпреварот од 2.коло од групата Х од Лигата на шампионите.

Двата тима лесно ги добија своите први натпревари од натпреварувањето оваа сезона и ова ќе биде натпревар за скок до првото место во групата. Јувентус забележа три победи во последните четири натпревари по лошиот старт на сезоната и верува дека може да слави против Челзи кој викендов загуби од Манчестер Сити.

Еден ден пред натпреварот, Томас Тухел дозна дека Н’Голо Канте има коронавирус и најважниот играч на Челзи нема да игра вечерва или на следниот првенствен натпревар против Саутемптон. Јувентус ќе игра без Алваро Мората, кој се повреди на натпреварот против Сампдорија, а тренерите немаат други проблеми со повредите.

Состави:

Јувентус (4-4-2): Шчешни, Алекс Сандро, Де Лигт, Бонучи, Данило – Рабиот, Локатели, Бентанкур, Куадрадо – Бернардески, Киеза

Челзи (3-4-2-1): Менди – Рудигер, Тиаго Силва, Кристенсен – Алонсо, orgоргињо, Ковачиќ, Аспиликуета – Зијех, Хаверц – Лукаку

Standings provided by SofaScore LiveScore

Сподели: