УЕФА ЕУРО 2020ФУДБАЛ

Австриски напаѓач по Италија: Суров, еден од најтешките натпревари

Австриците го обвинуваат англискиот судија Ентони Тејлор за испаѓањето од Италија во четвртфиналето на Евро. Италија стигна до победа од 2: 1 на Вембли по продолженијата, а голот на Австрија беше поништен на 0: 0 во второто полувреме. Го поништи ВАР.

Австриските играчи сметаат дека се оштетени и околу пеналот кој не се досуди на 0: 0.

“Беше само сурово. Една од најсуровите игри што сум ги видел”, рече австрискиот напаѓач Саша Калајџиќ.

Стрелци на „азурите“ беа Федерико Киеза (95) и Матео Песина (105), додека Калајџиќ погоди за Австрија во 114 минута.

Италија ќе бара место во полуфиналето против подобриот тим од натпреварот помеѓу Португалија и Белгија. Натпреварот се игра од 21 часот.

Сподели: