НА СРЕДБАТА од 33. коло на германскиот фудбалски шампионат, Борусија Дортмунд го победи Мајнц со 3: 1 на гостински терен, обезбедувајќи пласман во Лигата на шампионите.
Головите за гостите ги постигнаа Рафаел Гереиро (23), Марко Ројс (42) и Брандт (80), додека од Мајнц поразот го ублажи Робин Кваисон (90 + 1-11 м).
Три дена по прославата во Купот на Германија, Борусија со победа против Мајнц обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Таа во моментов е трета со 61 поен, додека петтопласираната Ајнтрахт има 57 бода.
Баерн води со недостижни 75 поени, РБ Лајпциг е втор со 64 поени и натпревар помалку, Борусија има 61, а Волфсбург 60 поени.
Standings provided by SofaScore LiveScore