Формула1

Хамилтон во Шпанија стигна до 100-от пол во кариерата!

АКТУЕЛЕН светски шампион во Формула 1, 36-годишниот Британец Луис Хамилтон (Мерцедес), ја обезбеди својата 100-та „пол-позиција“ во кариерата постигнувајќи најдобро време во квалификациите за Големата награда на Шпанија.

Хамилтон во саботата постигна 36 илјадити подобро време од Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул-Хонда), кој ќе му прави друштво во првиот ред, додека Финецот Валтери Ботас (Мерцедес) ќе стартува од третата позиција.

Трката за Големата награда на Шпанија е закажана за в недела во 15 часот.

Сподели: