ФранцијаФУДБАЛ

Лил се врати на врвот, на три кола пред крајот има бод повеќе од ПСЖ

Фудбалерите на Лил се вратија на врвот во француската лига откако на домашен терен ја совладаа Ница со 2-0.

Лил повторно има бод повеќе од ПСЖ, и има само три кола до крајот. Домашниот тим го обезбедија Турците – погоди Бурак Јилмаз во 13. минута, а Зеки Шелик во 56. Домагој Брадариќ влезе во 88. минута на Лил.

ПСЖ претходно славеше против Ленс со 2: 1 и беше на врвот неколку часа. На три кола пред крајот на шампионатот Лил има бод повеќе од ПСЖ и пет повеќе и натпревар повеќе од Монако.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Сподели: