ФУДБАЛЕРИТЕ од Милано ќе ја минат ноќта на втората позиција во италијанскиот шампионат благодарение на домашната победа против Беневенто со 2-0 во мечот од 34. коло.
Милан поведе во шестата минута со убавиот гол на Калханоглу, а победата ја потврди Хернандез во 60.минута, расчистувајќи ја одбиената топка по ударот на Ибрахимовиќ во мрежата.
Анте Ребиќ играше за Милан од 76-та минута, додека Марио Манџукиќ не се избори за настап.
Со овие три бода, Милан скокна од петтата на втората позиција во поредокот со 69 бода, еден помалку има трета Аталанта, и три помалку четврти Наполи и петти Јувентус. Сите во недела ќе ги одиграат своите натпревари од 34. коло – Аталанта на гости кај Сасуоло, Наполи на домашен терен против Каљари и Јувентус на гости кај Удинезе.