РАКОМЕТСП ЕГИПЕТ 2021

Норвежанките со ракометна лекција за светскиот шампион !

Женската ракометна репрезентација на Норвешка го потопи светскиот шампион во празната Судбанк Арена во Колдинг.

Норвежанките предводени од фантастичната Нора Морк која го заврши натпреварот со 8 погодоци, извојуваа голема победа над репрезнтацијата на Холандија со 32:25 и со тоа направија голем чекор до полуфиналето на мундијалот. Голем придонес даде и Стине Офтедал со пет постигнати погодоци.

Во репрезентацијата на Холандија најефикасна беше Ангела Малестеин, која ја затресе противничката мрежа пет пати.

Во наредното коло што се игра во Сабота, Норвешка во директен дуел со Хрватска ќе решава за првото место, која денес ја совлада репрезентацијата на Романија со 25:20, додека пак Холаѓанките играат со Германија и многу веројатно тоа е дуелот којшто ќе го одлучи третото место во групата.

Сподели: